ЗАВРШИ ТРАНСПЛАТAЦИЈАТА НА СРЦЕ 53 годишниот пациент е под надзор на лекарски тим од Кардиологија
Денеска во раните утрински часови започнаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор.
Министерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот фејсбук профил објави дека заврши трансплантацијата на срце кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија.
Денеска во раните утрински часови започнаа координативни состаноци за подготовка за отпочнување на шестата по ред трансплантација од починат донор. Во текот на вчерашниот ден болничките координатори од КАРИЛ дијагностицираа млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството одлучија да ги донираат органите.