СПУТНИК УШТЕ ЧЕКА ОДОБРЕНИЕ ОД СЗО Тактизира ли Светската здравствена организација со руската вакцина?
СЗО продолжува да го оценува Спутник од различни производствени локации и ќе ја објави одлуката кога ќе се знаат сите податоци и кога ќе заврши ревизијата, се наведува во соопштението на СЗО.
Светската здравствена организација (СЗО) уште ги разгледува податоците за руската антиковид вакцина Спутник V со цел да ја одобри за итна употреба.
Евентуалното одобрување на Спутник би значело меѓународна доверба во вакцината по ригорозна ревизија и би можело да ја отвори вратата за вклучување на руската вакцина во програмата Ковакс, која планира рамномерна дистрибуција на вакцините низ целиот свет.
„СЗО продолжува да го оценува Спутник од различни производствени локации и ќе ја објави одлуката кога ќе се знаат сите податоци и кога ќе заврши ревизијата“, се наведува во соопштението на СЗО.