ПРОГРАМА ОД ПЕТ СТОЛБА НА НАЈДОБРО ЗА КАРПОШ Весковски ќе се фокусира на хумано и планско урбано живеење (ВИДЕО)
Петте столба се: хумана урбанизација, зелена агенда, економски развој, мој градоначалник и инвестиции во инфраструктура.
Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении. Нашиот Карпош е симбол на развојот на постземјотресно Скопје, симбол на солидарноста, заедништвото и хуманоста, изајви Душко Весковски кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ кој ја претстави програмата од пет стоплба Најдоброто за Карпош.
– Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје. Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење -вели тој .
Програмата содржи пет столба: хумана урбанизација, зелена агенда, економски развој, мој градоначалник и инвестиции во инфраструктура.