НОВИ ПАРКИНГ МЕСТА ОНАМУ КАДЕ ШТО Е НАЈГУСТО Герасимовски смисли како да го реши проблемот во Буњаковец, Дебар Маало и во Капиштец
Новите паркинг места за кои зборуваше Герасимовски се прецизирани со рокови. Тој напомена дека не станува збор за проекти за кои вели дека „треба да се направат“ туку решенија кои со сигурност ќе се реализираат во 2022, 2023 и во 2024 година.
Ние не предвидуваме, туку знаеме и имаме конкретно решение за проблемот со паркирањето, рече Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата во вчерашното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5.
Герасимовски зборуваше за недостатокот од паркинг местата во најгустите населби во Општина Центар. Тој рече дека има направено детална анализа во секоја урбана заедница, секое маало со кои предизвици се соочува и дали е тоа во делот на урбанизмот, хигиената или можеби зеленило.
– Во делот на паркирањето најгусто е во Буњаковец, Дебар Маало и во Капиштец, нудиме соодветни решенија. Нови паркинг места, продолжување на „Народен фронт“, понудуваме, односно имаме готово решение со 200 нови паркинг места. Во Дебар Маало нудиме нови паркинг места, односно ново зеленило на општинската зграда, нова општинска зграда којашто ќе биде помала во делот на бараките и предвидуваме односно дефинираме 300 нови паркинг места по цела парцела на општинската зграда. Дополнително, резидентни паркинг места во цела Дебар Маало и во сите овие три населби коишто се проблематични во делот на паркирањето. Нова катна гаража во Буњаковец со 220 паркинг места и нова зграда на ПУИК каде што и таму предвидуваме 210 паркинг места – рече Герасимовски.
Новите паркинг места за кои зборуваше Герасимовски се прецизирани со рокови. Тој напомена дека не станува збор за проекти за кои вели дека „треба да се направат“ туку решенија кои со сигурност ќе се реализираат во 2022, 2023 и во 2024 година.