СИТЕ ПРАШУВАА КАДЕ МУ Е СОПРУГАТА? Која е младата убавица покрај Даниел Крег на премиерата за Бонд (ФОТО)
Актерот Даниел Крег (53) се збогуваше со својот Џејмс Бонд, филмот конечно ја имаше доживеа светската премиера.
Филмот „Не е време за умирање“ е последниот во кој британскиот актер Даниел Крег ќе се појави во улогата на тајниот агент 007, а неговата свечена премиера беше одржана во вторникот во Лондон.
Актерот Даниел Крег (53) се збогуваше со својот Џејмс Бонд, филмот конечно ја имаше доживеа светската премиера.
Оваа проекција собра голем број познати личности, на чело со членвоите на британското кралско семејство Кејт Мидлтон, принцот Вилијам, принцот Чарлс и Камила Паркер, а многумина беа заинтересирани за фактот дека главниот актер не пристигна во друштво на неговата сопруга и колешка Рејчел Вајс.
View this post on Instagram
На црвениот тепих друштво му правеше мистериозна млада убавица, а наскоро мистеријата беше решена. Даниел не ја прекинал со актерката љубовта со Рејчел Вајс, туку младата дама е неговата ќерка Ела (29).
Даниел ја добил во текот на неговиот двегодишен брак со Фиона Лудон, со која беше на почетокот на деведесеттите години, по што се гледаше со германската актерка Хејка Макач.
View this post on Instagram
Додека работел на еден перформанс во лондонското Национално театарско студио, во деведесеттите, ја запознал актерката Рејчел Вајс, со која стапил во врска години подоцна, а заедничко дете (чие име не сакаат да го споделат со светот) добија во 2018 година.
Инаку, премиерата на 25-тото филмско остварување за тајниот агент 007 неколкупати беше одложувано поради пандемијата на коронавирусот.
ФОТО: Инстаграм