ТЕШКА ФОРМА НА КОВИД МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА АВТОИМУНИ НАПАДИ Открива нова студија
Не можете однапред да знаете дека ќе имате блага форма на ковид-19. Ако сепак добиете тешка форма, може да завршите со проблеми понатаму во животот, бидејќи вирусот може да го поттикне автоимуни реакции, вели д-р Паул Утз, водач на студијата.
Тешка форма на ковид-19 може да го измами имуниот систем и да го поттикне на производство на антитела кои имаат потенцијал да го напаѓаат здравото ткиво и да предизвикаат воспалителни болести, предупредија научници во трудот објавен во списанието Nature Communications.
Тие откриле автоантитела во примероци на крв кај приближно 50 отсто од 147 хоспитализирани пациенти со ковид-19, кои ги испитувале и кај помалку од 15 отсто од 41 здрав доброволец.
Од 48 пациенти со ковид-19 истражувачите зеле примероци на крв во текот на неколку дена, вклучувајќи го и денот при прием во болница, што им овозможило да го следат развојот на автоантителата.
– Во рок од една недела, околу 20 отсто од тие пациенти развиле нови антитела на сопственото ткиво кои ги немало на денот кога биле примени во болница – вели водачот на студијата д-р Паул Утз од Универзитетот Станфорд.
Тој ги повика луѓето да се вакцинираат.
– Не можете однапред да знаете дека ќе имате блага форма на ковид-19. Ако сепак добиете тешка форма, може да завршите со проблеми понатаму во животот, бидејќи вирусот може да го поттикне автоимуни реакции – вели тој.
Тој додал дека ниту еден од пациентите не го проучувале доволно долго за да знаат дали автоантителата се присутни и година или две подоцна. Тој потенцира дека е можен развој на автоимуните болести.