УТРЕ ПОЧНУВА КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Имаме само 26 независни кандидати, во 2005-та биле над четвртина од вкупниот број (ИНФОГРАФИК)
Додека го исчекуваме почетокот на предизборната кампања која ќе стартува утре, убаво е да се потсетиме на некои бројки од историјата на независна Македонија. Локалните избори секогаш носеле независни кандидати, а тие секогаш добивале мандат. Најмалку независни сме имале на првите локални избори во 1996 година, само 7,5 отсто. Останатите бројки зборуваат за себе.
Имаме многу независни кандидати за локалните избори годинава, но тоа е ни одблиску исто споредено со рекордот на изборите во 2005 година, анализира МИА. Тогаш, над четвртина од кандидатите, или нешто над 25 отсто биле независни, а седум од нив и добиле мандати. Годинава има 26 кандидати кои прават 8,75 отсто од вкупните 297 кандидати, што е помалку дури и од претходните локалните избори, кога процентот бил нешто над 10 отсто.
Додека го исчекуваме почетокот на предизборната кампања која ќе стартува утре, убаво е да се потсетиме на некои бројки од историјата на независна Македонија. Локалните избори секогаш носеле независни кандидати, а тие секогаш добивале мандат. Најмалку независни сме имале на првите локални избори во 1996 година, само 7,5 отсто. Останатите бројки зборуваат за себе.
Еве како се движел процентот на избрани независни советници низ годините. Меѓу 2 и 5 отсто.

Од 546 листи, 63 се независни
Годинава, независни кандидати ќе има во 18 општини и Градот Скопје или во 22 проценти од вкупно 80 општини. Локалните избори на 17 октомври 2021 година ќе бидат седми од независноста досега, но трети на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Според Државната изборна комисија, потребниот број потписи го собрале 57 групи избирачи за советнички листи, од вкупно 70 кои собирале потписи.
Од вкупно 546 поднесени листи за советници 63 или 11,5 проценти се независни. Независни советнички листи има поднесено во 40 општини или во половина општини и Градот Скопје. Најмногу независни листи имало на изборите во 2013 година – над 17 проценти, а најмалку на првите и вторите во 1996 и 2000 година, кога само нешто над 3 проценти од поднесените листи за советници биле независни.
ДИК не постоела пред 2006 година?!
Важно за напомена е дека Државната изборна комисија до 2006 година не постои како посебен орган и се формира пред секои избори и нема објавено целосни резултати или финален извештај за дел од првите три локални избори во земјата.
Сепак, од тоа што го имаме може да се направи следниот инфографик.

Какви беа првите локални избори?
Првите локални избори во независна Македонија се одржани на 17 ноември 1996 година, на кои се избирани советници и градоначалници во 123 општини, плус Градот Скопје.
На првите локални избори по новата територијална распределба во 2005 независни советници имало во над една третина од општините – 36,47 проценти, потоа тој број полека се намалува на 35 проценти во 2009 година, на 29,6 отсто во 2013 и на 22,2 на последните во 2017 година.
Најмалку независни советници имало на локалните избори во 2000 година – 1,73 проценти од вкупниот број советнички места, потоа следат последните локални во 2017 кога имало 2,74 проценти, додека најмногу независни советници биле избрани на локалните избори во 2005 година – 4,77 проценти.
Од вкупно 683 кандидати за градоначалници, независни биле 51 кандидат или 7,5 проценти. На овие избори места освоиле вкупно седум партии и само еден независен кандидат – во Општина Шипковица.
Од вкупно 747 кандидатски листи за членови на општинските совети, независни листи биле 26 или 3,5 проценти. Независните групи за членови на Советите на општините добиле вкупно 1,03 проценти од гласовите и освоиле 30 мандати или само 3,66 проценти од вкупно 1.802 советнички места.