НЕКА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ ЗА КУМАНОВО Максим Димитриевски го потпиша Кодексот за фер избори
Наша должност е да го почитуваме и да се придржуваме до овој Кодекс кој значи одговорно, чесно и транспарентно делување низ демократски и фер процес, порача независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вчера заедно кандидатите за градоначалници за Куманово, го потпиша Кодексот за фер и демократски избори.
– Наша должност е да го почитуваме и да се придржуваме до овој Кодекс кој значи одговорно, чесно и транспарентно делување низ демократски и фер процес. На сите кандидати им посакувам успех. Нека победи најдобриот – порача Димитриевски.