СИНОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ ЗА НЕЈЗИНИОТ ПОГРЕБ Присутните со задолжителен сертификат за вакцинација

2,349

Синот на покојната авторка Марина Туцаковиќ на Твитер објави детали за погребот на својата мајка.

„Датумот на погребот на Марина ќе биде објавен по викендот. Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, одлучивме да се одржи исклучиво за најтесниот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки“, напишал Милан Радуловиќ.






„Колку и да сме тажни, мора да бидеме внимателни. Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови и да ѝ оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни и интимно да се збогуваат со неа“, додал тој.

– Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да можат сите да се збогуваат со неа. Ви благодарам на сите за разбирањето –  порачал Милан.

Марина Туцаковиќ почина на 68-годишна возраст по долго боледување.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини