ВЛИЈААТ ЛИ ВАКЦИНИТЕ НА МЕНСТРУАЦИЈАТА? Еве што треба да знаете од досегашните истражувања

Докторката Викторија Мале забележува дека нема докази дека каква било вакцина против ковид-19 влијае на плодноста-бременоста и дека стапките на плодност се исти и за вакцинираните и за невакцинираните жени, без разлика дали тие бремености биле ненамерни или клинички потпомогнати.

1,112

Влијаат ли вакцините против ковид-19 влијаат на менструацијата? Иако ова допрва се истражува меѓу научниците, поголем дел од нив се скептични дека вакцината директно влијае на циклусот кај жените, пишува ИФЛ Наука. Она за што научниците се сигурни во моментов, е дека вакцината не влијае на бременоста кај жените, а за поддршка е и фактот дека кај повеќето кои се жалеле дека имаат проблем со менструацијата по вакцинирањето, таа им се нормализирала веќе на наредниот циклус.

Групата „Ковид совети и искуства Македонија“ на Фејсбук, е само една од мноштвото места каде што и мажите и жени се обидуваат да ги најдат точните информации за влијанието на вакцините. Секој од нас имал некакви последици од вакцините. Но, еден потенцијален несакан ефект се покажа малку контроверзен досега: промени во менструалниот циклус и менструацијата кај една жена.






Пријавен е кај стотици илјади случаи во странство, но многу научници велат дека уште нема доволно докази за ова конечно да се поврзе со вакцинацијата. Но, според докторката Викторија Мале, предавач по имунологија и плодност, тоа може – и треба – да се промени.

Стапките на плодност се исти кај вакцинираните и невакцинираните жени

„Ако се потврди врската помеѓу вакцинацијата и менструалните промени, ова ќе им овозможи на луѓето да планираат потенцијално изменети циклуси“, пишува д-р Викторија Мале.

„Јасните и доверливи информации се особено важни за оние кои се потпираат на способноста да ги предвидат менструалните циклуси за да постигнат или избегнат бременост“, продолжува докторката.

Важно за таа тема, докторката Мале забележува дека нема докази дека каква било вакцина против ковид-19 влијае на плодноста-бременоста и дека стапките на плодност се исти и за вакцинираните и за невакцинираните пациенти, без разлика дали тие бремености биле ненамерни или клинички потпомогнати.

фото: pixabay.com

Нашиот одговор кон вакцината, а не самата вакцина, е тој што влијае врз менопаузата

„Ако (вакцинита) има (некаква) врска (со циклусот), таа најверојатно ќе биде резултат на имунолошкиот одговор на вакцинацијата, а не од одредена компонента на вакцината“, јасна е докторката Мале.

Со други зборови, ако нашиот имунитет бил слаб и реагирал остро на вакцината, тогаш тој ја предизвикал и промената во циклусот. Доказ за тоа е дека тие промени завршуваат брзо.

„Повеќето жени кои пријавуваат промена во менструацијата по вакцинацијата, откриваат дека таа им се враќа во нормала веќе во следниот циклус“, пишува таа.

Менструацијата е непредвидлив феномен и тешка е за истражување

Пациентите кои доживеаја неочекувани реакции беа поканети да ги пријават на програми како Шемата за жолти картички во Обединетото Кралство или ФДУ и ЦДЦ во САД. Со доволно информации, истражувачите се надеваа дека ќе можат да ја пронајдат причината.

За жал, дури и со воспоставените програми, тешко е да се донесат цврсти заклучоци за менструалните промени, објаснува д-р Мале. Тоа е делумно затоа што менструалните циклуси можат да бидат озлогласено непредвидливи, но на тоа влијае и начинот како научниците ги прибираат податоците за несаканите реакции кај жените.

„Клиничките испитувања не го вклучуваат менструалниот циклус на списокот за нивните несакани ефекти, а учесниците веројатно нема да пријават промени во менструацијата, освен ако тоа посебно не им биде побарано. Тоа значи дека се потребни различни пристапи – пристапи кои се подобро опремени да ги споредат стапките на менструална варијација кај вакцинираните наспроти невакцинираните жени, како што се мноштвото програми неодамна нарачани од Националниот институт за здравство во САД“, вели Мале.

 

Поврзани содржини