РЕФЕРЕНДУМ ЗА СИТЕ ВАЖНИ ОПШТИНСКИ ПРАШАЊА Интегративците го претставија првото изборно ветување

Сите наши градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани, рече Агим Нухиу од ДУИ.

194

Секојдневната политика подразбира донесување чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина, рече Агим Нухиу од ДУИ претставувајќи еден од петте столба на изборната програма на партијата, вклучувањето на граѓаните во донесувањето на одлуки.

Според ДУИ, сите градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.






– Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето значи дека главните одлуки нема да бидат донесени од тесниот круг на раководење во општината, туку од вас , од граѓаните. Сите наши градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани.
Граѓаните ќе зборуваат сами и заедно ќе одлучиме. Гласот на граѓаните ќе се зајакне уште повеќе. Вие граѓаните ефективно ќе учествувате во јавната политика и одлучувањето во нашите општини – рече Нухиу.

Тој рече дека за да се постигне ова, ДУИ во новиот мандат ја подала раката и граѓанскиот сектор го направила свој партнер.

– Бројни личности од граѓанското општество се дел од листите на советници за локалните избори на 17 октомври. Демократската Унија за Интеграција, пред неколку недели објави јавен конкурс за советници во општина Гостивар, каде интересот на граѓаните беше исклучително голем, со што се направи најдобриот избор за граѓаните на Гостивар. Повеќето кандидати од граѓанското општество веќе се дел од листата на
советници – рече Нухиу.

Поврзани содржини