700 АМЕРИКАНЦИ ПАК ЌЕ ВЛЕГУВААТ ВО СОБРАНИЕ Приврзаниците на Трамп денеска на нов протест
Протестот е закажан за 18 часот по локално време. Црната ограда што беше поставена околу комплексот Капитол Хил шест месеци по смртоносните настани во седиштето на американската демократија, беше вратена на тоа место со камери за надзор пред собирот.
Околу 700 приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се очекуваат повторно да протестираат денеска во 18 часот по локално време, а Вашингтон е подготвен за можното насилство, јавува МИА. Демонстрантите под слоганот „Правда за Ј6“ ќе бараат ослободување на обвинетите лица од протестите од 6 јануари годинава.
Црната ограда што беше поставена околу комплексот шест месеци по смртоносните настани во седиштето на американската демократија, беше вратена на тоа место со камери за надзор пред собирот.
Припадниците за внатрешна безбедност предупредија на можно насилство, се вели во разузнавачкиот извештај објавен од американските медиуми.
„Свесни сме за мал број неодамнешни закани за насилство на интернет поврзани со планираниот собир, вклучително и дискусии ден пред протестите што го поттикнуваат насилството“, се наведува во документот од Министерството за внатрешна безбедност.
Организаторот, групата „Look Ahead America“, планира слични настани низ САД во наредните недели, а организацијата вели дека нејзината цел е да ги поддржи луѓето на кои им се суди за ненасилни прекршоци. Демонстрантите беа повикани да ги почитуваат безбедносните сили и да се воздржат од носење обележја поврзани со Трамп.
Илјадници поддржувачи на поранешниот републикански претседател, многумина од нив поврзани со екстремната десница и расистички групи, упаднаа во Конгресот пред осум месеци, бидејќи институцијата ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, кои Трамп ги оспори.
– Нашите срца и умови се со оние што се неправедно гонети за протестите на 6 јануари поврзани со наместените претседателски избори – нагласи вчера Трамп. За настаните беше покренато обвинение против 600 лица, а десетици се изјаснија за виновни.
Повеќето од нив се соочуваат со помали, прекршочни казни, но на некои им се закануваат и подолги затворски казни.