ЦРНИ КОВИД-БРОЈКИ ВО САД Седум од десет Американци имаат пријател што лежел или умрел поради корона
Во истражувањето, 82 отсто од возрасните црнци и 78 отсто од возрасните хиспаноси одговориле дека знаат некој што претходно бил хоспитализиран или починал како резултат на вирусот. Сепак, дури 62 отсто од нив веруваат дека локдаунот и вакцините ќе ѝ помогнат на земјата да се избави од пандемијата.
Скоро 72 отсто од Американците познаваат некој што лежел во болница или починал од коронавирус, а земјата во моментот има најмногу мртви од почетокот на пандемијата, неверојатни 660 илјади луѓе, пишува ИФЛ Наука. Најпогодени од пандемијата се црнците и латино-заедницата, а досега вакцинирани се 73 отсто од граѓаните.
Голема анкета на Пју и Си-Ен-Ен покажува дека еден од 500 Американци починале од корона.
Во истражувањето, 82 отсто од возрасните црнци и 78 отсто од возрасните хиспаноси одговориле дека знаат некој што претходно бил хоспитализиран или починал како резултат на вирусот. Сепак, дури 62 отсто од нив веруваат дека локдаунот и вакцините ќе ѝ помогнат на земјата да се избави од пандемијата.
Но, за разлика од други земји, луѓето од САД имаат добар и брз пристап до вакцините. Анкетата покажала дека само 26 отсто од Американците се свесни за тешкотиите со кои се соочуваат луѓето во сиромашните земји кои се обидуваат да пристапат до вакцини.
Коронавирусот е на пат „за влакно“ да стане најсмртоносната пандемија во историјата на САД и брзо се приближува кон бројките од пандемијата на грипот Х1Н1 од далечната 1918 година, во која загинале 675.000 луѓе. Новите 2.678 смртни случаи кои беа регистрирани вчера веројатно ќе бидат пикот на пандемијата во следните неколку недели.