ЛЕГЕНДАРНИОТ БЕКЕР ЗА ЃОКОВИЌ Никогаш не сум го видел Новак да плаче на теренот
Тој е натпреварувач кој понекогаш си дозволува да се однесува лошо на теренот, но кој не го прави тоа? Публиката, вклучително и медиумите, мора да се навикнат на фактот дека имаме не две, туку три легенди, кои имаат одлични квалитети како личности и играчи, вели Бекер.
Поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на УС Опен и пропуштената шанса да се зацементира како најголем тенисер во историјата уште е топ тема во тениската јавност и медиумите ширум светот. Еден од оние што жалат за поразот на Ѓоковиќ е неговиот поранешен тренер и пријател Борис Бекер во интервју за германски Еуроспорт.
Легендарниот Германец вели дека притисокот врз српскиот тенисер пред финалето бил преголем.
– Никогаш не сум го видел Новак да плаче на теренот. Сигурно ги достигнал границите во однос на емоциите, со сите тие очекувања, секој ден го прашуваа по Вимблдон дали ќе победи на Грен слем. Неговиот говор по финалето беше одличен. Со солзи во очите, тој објасни дека „денес е најубавиот ден во мојот живот, бидејќи конечно чувствувам дека сум почитуван и сакан“. И тоа на денот кога не успеа да искористи нешто што е можност и што се појавува можеби еднаш во животот, да ги освои сите четири слема во годината – вели Бекер.
Тој зборуваше и за тоа дека Новак го познава приватно и професионално и дека може само да каже дека е прекрасно момче.
– Тој е натпреварувач кој понекогаш си дозволува да се однесува лошо на теренот, но кој не го прави тоа? Публиката, вклучително и медиумите, мора да се навикнат на фактот дека имаме не две, туку три легенди, кои имаат одлични квалитети како личности и играчи. Се надевам дека тие две недели во Њујорк, финалето, говорот после тоа и неговата реакција, ќе го натера секој конечно да го погледне во поинакво светло. Tој често го брани играчот и често турка под тепих, но никој не го прифаќа на вистински начин. Тој има и друга страна, многу убава. Се надевам дека поради него и поради неговото семејство ќе има поправилен третман во иднина, а не како што е сега – вели Борис Бекер.
Novak Djokovic, l’ex coach Boris Becker spiega cosa è successo https://t.co/9ZlAwrmHZ1
— informazione sport (@infoitsport) September 17, 2021