ДАЛИ НЕКОЈ МОЖЕЛ ДА ФРЛИ НЕШТО? Села прашува зошто првиот вицепремиер шетал низ опожарената болница еден ден по несреќата

Што правеше првиот вицепремиер и зошто со група од над 20 партиски членови шеташе низ изгорената болница само еден ден по несреќата? Нели тоа е место на настанот и треба да биде оградено со ленти и да не може никој да влезе внатре? Не сакам никого да обвинам, но чудно ми е како е дозволено сето тоа, без разлика на позицијата на личноста, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во вечерашното гостување на ТВ 24.

5,538

Ако не сакаме да ни се повторуваат несреќи како што беше пожарот во тетовската модуларна болница, тогаш мора да има одговорност, рече лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во вечерашното гостување на ТВ 24.

Тој истакна дека еден ден по несреќата, првиот вицепремиер, заедно со група од над 20 партиски членови шетал низ изгорената болница.






– Што правеше првиот вицепремиер и зошто со група од над 20 партиски членови шеташе низ изгорената болница само еден ден по несреќата? Нели тоа е место на настанот и треба да биде оградено со ленти и да не може никој да влезе внатре? Дали тоа значи дека со самиот пристап во забрането место, вицепремиерот кој сака да се нарекува прв, им се оневозможува на истражителите да ја пронајдат вистинската причина за пожарот? Има фотографии на кои се гледа дека таму се присутни над 20 лица, а тоа е место кое треба да се истражува. Еве, хипотетички гледано, дали некој можел да фрли нешто што би можело да служи како доказ? Не сакам никого да обвинам, но чудно ми е како е дозволено сето тоа, без разлика на позицијата на личноста – рече Села.

Тој додаде дека јавноста сè уште не ги знае имињата на жртвите кои изгореа во пожарот.

– Ние не ги знаеме ниту имињата на жртвите, барем за тоа се должни институциите. Сè што знаеме е дека оваа работа не треба да се злоупотреби политички. Јас сум доктор и не можам да кажувам, ама нека се произнесат правниците. Треба да се отворат сите дилеми – истакна Села.

Поврзани содржини