Пијте шест чаши вода. Вие шо плачите по Венко девет, да не дехидрирате!
Од партија кажаа ако не го тетовирате Венко ќе има последици.
„Заев ќе ја сочекал истрагата за да одлучи за оставките”.
Ич не се исти со вмро.
***
Најдоброто што може да го направи Заев е да не ја прифати оставката. Така многу ќе го забрза падот.
***
Ова шо им даваат насоки на членовите дека мора да го бранат Венко ич не е заебанција. То значи дека сдсм имаат буквално заложници, неважно дали нивното uмислење е во согласност со пaртиската линија или не, тие мораат да го бранат. Од то им зависи работа, идно вработвање или шо и да е.
Ги има и оние со стокхолмски синдrом, кои сакаат да се искажат малку повеќе пишуваат поезии, жалопојки со надеж некој функционер ќе ги забележи. Робови на сопствената партија во заробена држава.
А во основа е смешно. Венко вели чувствувам морална одговорност, овие врати се, не чувствуваш… Туга и јад…
***
Сите? Баш сите? Над 100 директори без никаква координација, сами, станаа сабајле и рекоа „Доста е! Не прифаќаме”.
И сега некаде има стотина различни мејлови на поддршка?
Баш ме интересира дали директорот на тетовската болница во оставка даде поддршка…
***
„Директорите напоменуваат дека поддршката ја базираат на тоа што Филипче добро ја менаџирал ковид кризата”.
Не ми е јасно во кој свет живеат и дали знаат дека имаме најголема прекумерна смртност во Европа од корона и во првите 10 во светот. А тек како ќе беше да ја менаџираше лошо…
***
Како на директорите на болниците ниеднаш не им текна да пишат писмо за подобрување на условите за пациентите, за подобрување на условите за работа, за недостстокот на лекови, руинираните делови и болници, ветувањата за повисоки плати кои не се остварија…
Заедно ќе паднете.
***
„Шведска министерка во 1995-та дала оставка затоа што со службена картичка купила Тоблероне и ги вратила парите”
Го имате видено Венко да купи Тоблероне? Не? Е па ќутете хејтери!
***
Ако можи овие шо плачат по Венко да дојдат да го наполнат базенот во Битола.
***
Добро утро за сите што имаат срце како планина.
***
После толку статуси за здравство шо имам пишано мислам јасно е кој треба да е министер…
***
Мојата професија ко гинеколог аматер ми значи сѐ во животот, но некогаш во животот треба да преземеме нови предизвици и да отвориме нови хоризонти. Го прифатив предизвикот да го водам здравствениот сектор, ова е огромна чест, но во исто време и голема одговорност.
(ФБ статуси на авторот)