СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО МЕКСИКО Едно лице загина, а неколку згради се оштетени
Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот.
Најмалку едно лице загина, а неколку згради се оштетени во земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико во текот на ноќта.
Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот.
Делови од мексиканскиот главен град и Акапулко останаа без електрична енергија. Локалните власти потврдија дека едно лице загинало при пад на комунален столб, а засега нема извештаи за поголема материјална штета од земјотресот.