ГУГЛ ЌЕ РАБОТИ И ОФЛАЈН Драјвот за документи ќе биде достапен и без интернет
Гугл во моментов им дава на корисниците со основна сметка 15 GB простор за документи и мултимедија во облакот, што важи вкупно за сите типови на фајлови, така што ќе треба да внимавате кои од овие датотеки ќе ги ставите офлајн.
Компанијата сака да им понуди на сите корисници поголем избор кога работат со различни типови документи.
Гугл-драјвот и клаудот отсега ќе работат офлајн, без разлика дали сте преплатени на тие сервиси или не, а сè што ќе треба да направите е да ги означите документите за офлајн режим, пишува Мондо. Опцијата што 10 години беше тајно тестирана конечно ќе излезе на виделина, а отпрвин достапни ќе бидат PDF-датотеките, канцелариските документи и сликите.
Откако корисникот ќе биде повторно онлајн, сите податоци и промени направени во документот додека се користи офлајн режимот автоматски ќе се зачуваат на интернет, а за да пристапите до офлајн режимот, ќе треба да го инсталирате клиентот за работна површина на Гугл-драјв за Windows или за Mac.
Ве потсетуваме дека Гугл-драјв за десктоп неодамна претрпе големи промени.
Освен за лични, односно обични корисници, Гугл-драјв офлајн режимот ќе биде достапен и за корисниците на следните платени опции:
Google Workspace
Cloud Identity Free
Cloud Identity Premium
G Suite Basic
За деловните корисници
Гугл во моментов им дава на корисниците со основна сметка 15 GB простор за документи и мултимедија во облакот, што важи вкупно за сите типови на фајлови, така што ќе треба да внимавате кои од овие датотеки ќе ги ставите офлајн.
Опцијата за пристап до датотеки без интернет ќе биде достапна за сите горенаведени корисници најдоцна до крајот на септември.