„ШКИПМЕДИЈА“ ИЗЛЕЗЕ СО СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ Лажни тестови за ковид-19 се продаваат во Тетово

1,554

Откако многу земји во светот ги условија патувањата со негативен тест за ковид-19, за приватна лабораторија во Тетово дојдоа „петте минути“, пишува „Шкипмедија“.

Во лабораторијата чии сертификати се меѓународно прифатени, јавна тајна е дека безмалку една година може да платите одредена сума евра и да го направите „негативниот тест“ без воопшто да ви биде направен тест.

Порталот тврди дека илјадници албански емигранти летово го купиле тестот и ги наполниле болниците во Швајцарија, Германија, Италија, Данска итн.

„Сето ова никогаш немаше да биде возможно доколку во ова злосторство не беше вклучена приватна лабораторија од Тетово, чие име ќе биде објавено од надлежните институции доколку ја започнат истрагата, но веруваме дека секој во Тетово знае која е таа. Полицијата, обвинителите, сите надлежни знаат за тоа“,  пишува „Шкипмедија“.

Поврзани содржини