ПОВЕЌЕ СОНЦЕ, ПОМАЛКУ ОБЛАЦИ Денеска температурата до 32 степени

237

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а преку ден ќе биде нешто потопло. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 21 до 32 степени.






Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 29 степени.

Поврзани содржини