КИМ ЈОНГ УН НА СВОЈ НАЧИН ЈА ШТИТИ ЗЕМЈАТА ОД КОВИД-19 Северна Кореја ги одби кинеските вакцини, сега следуваат нови мерки
Севернокорејскиот лидер им соопштил на службениците дека мора да имаат предвид дека заострувањето на мерките е задача од најголема важност и дека не смее да се случи никакво попуштање во однос на заштитата од ковид-19.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, одби 3 милиони вакцини од „Синовак“ кои беа наменети за Пјонгјанг од програмата Ковакс, па сега издал наредба во земјата да биде спроведена поостра кампања за спречување на епидемијата со коронавирусот.
Тој им соопштил на службениците дека мора да имаат предвид дека заострувањето на мерките е задача од најголема важност и дека не смее да се случи никакво попуштање во однос на заштитата од ковид-19.
Ким, исто така, ја истакнал потребата од материјални и технички средства за спречување на вирусот и зголемување на квалификациите на здравствените работници.
Севернокорејскиот лидер претходно ги повика граѓаните на Северна Кореја да се подготват за продолжување на ограничувањата во врска со ковид-19, што укажува на тоа дека националните граници ќе останат затворени и покрај влошените економски услови.
Од почетокот на пандемијата, Северна Кореја применува строг карантин и затворање на границите за да спречи појава на ширење на епидемијата.