И ТОА ИЗМИСЛИЈА, ВАКЦИНАЛНИ ГУРМАНИ Бразилците очајно сакаат да се вакцинираат со Фајзер
Многу Бразилци не жалат труд во намерата да се докопаат до вакцината против коронавирусот на Фајзер, а на социјалните мрежи има многу групи на кои илјадници споделуваат информации за тоа која вакцина тој ден се нуди во некој од центрите за вакцинација и колку долги редици има.
Разговарате ли во последно време за тоа што е ново гурманско во Бразил и најверојатно нема да разговарате за француското сирење, бидејќи на сите на ум им е само вакцината на Фајзер. Сите кои се во „лов“ на таа вакцина, која во Бразил очигледно се смета за најдобра, измислено е и име па ги нарекуваат вакцинални гурмани.
Многу Бразилци не жалат труд во намерата да се докопаат до вакцината против коронавирусот на Фајзер, а на социјалните мрежи има многу групи на кои илјадници споделуваат информации за тоа која вакцина тој ден се нуди во некој од центрите за вакцинација и колку долги редици има.
Информациите се освежуваат цел ден во реално време. А кога ќе се прошири дека некаде стасала нова пратка на Фајзер, членовите како да полудуваат.
Вакциналните гурмани настојуваат да ги избегнат вакцините на АстраЗенека и кинеската Синовак, иако таа најмногу се нуди во бразилската програма за вакцинација. Тие две компании имаат свои погони за производство на вакцини во Бразил.
– Зошто да земам КоронаВак ако можам да добијам Фајзер – вели граѓанката Марија да Силва.
На социјалната група, чија членка е таа, тврдат дека сите би требало да имаат право да одлучат со која вакцина ќе се вакцинираат. Истовремено бразилските здравствени власти ја повикуваат јавноста да се вакцинира со достапните вакцини бидејќи тоа ќе го забрза бројот на заразени во земјата.
– Ако се вакцинален гурман, значи дека сè уште не сте сфатиле за што станува збор – вели инфектологот Луана Араујо. Таа додава дека тие би требало да обрнат внимание на бројот на заразени и да се вакцинираат со понудените вакцини.
Во Бразил вакцинирани се четвртина од населението. Починати од коронавирусот се речиси 600.000, поради што таа земја е втора во светот зад САД.
Власта стравува дека кампањата за вакцинација дополнително ќе се успори ако луѓето ја прифаќаат само вакцината од еден произведувач.
Тие пак, што ќе успеат да се докопаат до Фајзер не се штедат заблагодарувајќи се.
– Ви благодарам на сите за помошта. Заштита, здравје и мир на сите – напишал еден тазе вакциниран корисник на „гурманската група“