ЛЕВИЦА АЛАРМИРА НА СОМНИТЕЛЕН ПРОЕКТ ВО БАРДОВЦИ На плодно земјиште ќе се гради хотелски комплекс
При постапката, во целост беше исклучен интересот на жителите на Бардовци па така, со новоформираните парцели од последниот ДУП за Бардовци, изгласан од страна на советниците, се затвора досегашниот пристап на Бардовчани до нивните имоти обвинува партијата.
Откако во понеделникот советниците на СДСМ го усвоија предлог Деталниот урбанистички план, според кој на зелените површини кај средното училиште „Здравко Цветковски“ во Тафталиџе, ќе се градат згради, на огласната табла на Општината е објавен нов урбанистички проект. Се работи за проект кој предвидува четири објекти кои ќе бидат дел од хотелски комплекс со вкупна бруто површина за градба од 12.000 квадратни метри.
Она што е сомнително и крајно скандалозно е што овој комплекс ќе се гради во Бардовци, на плодно земјиште, а дел од истото е сѐ уште во сопственост на Република Македонија. Останатиот, поголемиот дел, е во сопственост на физички лица кои станаа сопственици на овие парцели преку сомнителна денационализација, тврди партијата Левица.
„При постапката, во целост беше исклучен интересот на жителите на Бардовци па така, со новоформираните парцели од последниот ДУП за Бардовци, изгласан од страна на советниците, се затвора досегашниот пристап на Бардовчани до нивните имоти“, обвинува партијата.
Дополнителен сомнеж е и тоа што на рендерот објавен од страна на „GreenLand Development“, на кој се појави првично планот за бетонизација на Бардовци, на овој простор требаше да има зеленило, за сега, да се објави проект за хотелски комплекс, вели Левица.