ВНУКАТА НА ТОЗОВАЦ ГО „УЛОВИ“ НАЈЗГОДНИОТ ТУРЧИН Се пофали дека ниедна не добила таков поглед (ФОТО)
Внуката на починатиот легендарен пејач Предраг Живковиќ Тозовац, Јована Ѓорѓиќ, се пофали на Инстаграм со фотографија на која заедно позира со турскиот актер и заводник Џан Јаман.
Имено, Џан неколку дена престојува во Белград, а со своето присуство направи вистински хаос во престолнината на Србија, особено помеѓу своите обожавателки.
Јована сега објавила фотографија на својот инстаграм-профил, но со описот успеала да заинтригира многумина.
„Многумина добија фотографии, но ниту една ваков поглед“, напишала таа под фотографијата на која актерот гледа во неа, додека ја држи околу половината.
View this post on Instagram
Инаку турскиот актер овие денови е во Белград, а речиси немаше девојка која не сакаше да се фотографира со него.
Јаман не можеше да се „одбрани“ од навалата на обожавателките, но беше расположен и насмеан, па им ги исполни желбите на своите обожавателки и вредно позираше речиси со секоја од нив.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм