МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАРАЗИ АВСТРИЈА СО КОРОНА Дури 866 нашинци го донеле вирусот кога се вратиле од одмор
Западните „Балканци“ се одговорни за 40 отсто од сите 5.888 нови инфекции со коронавирус во Австрија, само во последната седмица. Она што е интригантно е дека кај случајот со Македонија, која е на првото место, бројката на луѓе кои го донеле вирусот се зголемила за 477 случаи во последните две недели, односно скоро за дупло од претходно.
Македонија убедливо води во бројката на луѓе од Западен Балкан кои неодамна од одмор се вратиле во Австрија и таму го донеле коронавирусот, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС). Дури 866 луѓе од земјата го „увеле“ вирусот таму, а потоа следат луѓе од Косово со 799 случаи и Хрватска со 683 „увезувања“, јавува МИА.
Западните „Балканци“ се одговорни за 40 отсто од сите 5.888 нови инфекции со коронавирус во Австрија, само во последната седмица. Она што е интригантно е дека кај случајот со Македонија, бројката на луѓе кои го донеле вирусот се зголемила за 477 случаи во последните две недели, односно скоро за дупло од претходно.
Австрија, како и многу земји, активно се бори со новите жаришта на делта-сојот кои ја зафатија популацијата, а од неодамна беше воведено и бесплатно вакцинирање во супермаркетите, во автобусите и на одредени јавни простори за да се забрза процесот.
Антиваксерите ги има и во оваа земја, а Федералната служба против тероризмот и заштита на Уставот(БВТ) предупреди дека антиваксерските групи во земјата прават црни листи, собираат податоци за медиумските куќи и сакаат да влијаат во објективното известување за пандемијата.