ВРЗ ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ЌЕ НИКНЕ ЗГРАДА На ВМРО-ДПМНЕ му пречи косовскиот инвеститор

Се поставуваат прашањата зошто мора да е инвеститор од Косово, зошто немаше лицитација и кој е интересот на актуелниот градоначалник во сето ова, праша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

955

СДСМ форсира изградба на станбена и деловна зграда на косовски инвеститор на локацијата на општината Гази Баба, од која Општината речиси нема да добие ништо, предупреди Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на Гази Баба.

– Се поставуваат прашањата зошто мора да е инвеститор од Косово, зошто немаше лицитација и кој е интересот на актуелниот градоначалник во сето ова – вели Николоски.






Тој потенцира дека локацијата е атрактивна, се наоѓа на самиот булевар спроти хотелот „Континентал“, а во планираниот објект, Општината ќе добие само неколку канцеларии и сѐ друго ќе биде за инвеститорот.

– Дали толку немаше градежна фирма во Македонија за да го направи ова па мораше да се прави со косовска фирма? Зошто се оди на овој начин? Кога веќе општината решила да не го поседува тоа земјиште зошто не го даде на јавна лицитација и да се натпреваруваат фирмите за да се постигне висока цена и со таа цена да се наполни буџетот за да се инвестира во канализациски и водоводни системи? Колкав е личниот интерес на градоначалникот во овој проект? – праша Николоски.

Поврзани содржини