СТРЕЛАЧКАТА НАКОВСКА БИКОВА УБЕДЕНА ВО ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕТО Параолимпијадата во Токио почнува на 24 август

Имам три дисциплини, три шанси, здравје боже понатаму сè е среќа. Кога се влегува во финале се почнува од нула, претходниот резултат се брише - рече Наковска Бикова.

207

Сигурно ќе успеам да се пласирам во финале во една од дисциплините, рече стрелачката Оливера Наковска Бикова која е единствениот македонски учесник на параолимпијадата во Јапонија на средбата со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Македонската делегација во стрелаштво од 24 до 5-ти септември ќе учествува на параолимписките игри во Токио.






Стрелачката Наковска Бикова, рече дека е убедена оти ќе се пласира во финалето на параолимписките игри во Јапонија.

– Сигурно ќе успеам да се пласирам во финале во една од дисциплините. Имам три дисциплини, три шанси, здравје боже понатаму сè е среќа. Кога се влегува во финале се почнува од нула, претходниот резултат се брише – рече Наковска Бикова.

Според тренерот Бранимир Јовановски, стрелачката Наковска Бикова на 31 август ќе се натпреварува во стрелаштво со воздушен пиштол на десет метри, на втори септември со спорт пиштол на 25 метри и на четврти септември, со пиштол по слободен избор на 50 метри.

– За Токио тргнуваме на 23 август, треба да стигнеме на 24 август кога ќе биде и отворањето на параолимписките игри. Се надевам дека ќе ги завршиме сите процедури и дека ќе се појавиме на церемонијата на отворање, во спротивно ќе треба некој друг да го носи нашето знаме –  рече Јовановски.

Тренерот Бранимир Јовановски информираше дека сите во тимот се имунизирани.

Министерката Шахпаска упати апел до сите спортисти со попреченост да се вакцинираат против ковид 19.

– Ви посакувам многу среќа и да ни се вратите со медала. По враќањето од Параолимписките игри ви стојам на располагање за средба и разговор за сите предизвици со кои се соочуваат нашите спортисти со попреченост. Ќе разговараме не само за правата туку и за услугите и потребите на лицата со попреченост. Во планот на МТСП и на Владата е надоместокот за попреченост од наредната година да се покачи за 15 проценти – рече Шахпаска.

 

Поврзани содржини