БОРБЕНИ ЛОВЦИ НАД КАБУЛ Пентагон сака безбедна евакуација

Генерал мајор Вилијам Тејлор истакна дека сега се отворени неколку порти на меѓународниот аеродром во Кабул и досега се евакуирани околу 7.000 луѓе.

1,126

Вооружени американски борбени авиони денеска прелетаа над Кабул за да ја следат безбедноста на евакуацијата во тој град, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој на брифингот со новинарите прецизираше дека авионите-ловци не изведувале ниски летови над главниот град на Авганистан.






Генерал мајор Вилијам Тејлор истакна дека сега се отворени неколку порти на меѓународниот аеродром во Кабул и досега се евакуирани околу 7.000 луѓе.

Според него, повеќе од 5.200 американски војници ја следат евакуацијата на аеродромот во Кабул

Поврзани содржини