СЕ ПОСТАВУВА МЕТАЛНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА Шилегов се појави по одморот

Реконструкцијата на надворешноста на салата изнесува 1,9 милиони евра.

449

Реконструкцијата на Универзалната сала е во тек. Денеска почна поставувањето на металната конструкција. На пристигањето на конструкцијата се појави и градоначалникот Петре Шилегов кој деновиве беше критикуван од опозицијата дека долг период одмара во Хрватска наместо да ги заврши проектите и да се бори со пожарите.

–  Карактерот на објектот е таков што прво мора да се сработи надворешноста, зашто објектот е монтажен, за потоа да влеземе внатре. Во наредните 40-на дена очекувам овој дел од работите да биде во целост завршен, а скопјани на почетокот на октомври да ја видат новата надворешност, со дел сработена внатрешност на Универзалната сала – рече Шилегов.






Тој информира дека изминатите два месеца е работено на фундаментите, на поставувањето нови темели кои можат да ја носат целата оваа конструкција која беше предмет и на сеизмолошки испитувања за да не се наруши статиката и стабилноста на објектот.

-Ова се всушност носечките столбови на новата Универзална сала – рече тој

Со реконструкцијата целосно ќе биде обновена внатрешноста, фоајето и влезниот дел на Универзалната сала, целосно ќе биде обновена надворешноста, објектот ќе стане енергетски ефикасен, ќе има сериозна интервенција во машинскиот дел, во сценскиот дел и делот на техниката.

Реконструкцијата на надворешноста на салата изнесува 1,9 милиони евра.

Проектот за реконструкција на Универзалната сала е изработен и е донација од познатиот архитект Бујар Муча.

Поврзани содржини