„ИЗВОРСКА“ НА ЕВРОПСКО Запознај ги и бодри ги одбојкарите

Целта на кампањата беше јавноста да го запознае секој репрезентативец посебно, да дознае интересни работи за него, како и повик за заедничко бодрење на претстојното првенство во септември.

186

Kампањата на „Кожувчанка“ за поддршка на одбојкарите на претстојното Европско првенство е објавена на страницата на Европската одбојкарска конфедерација (CEV).

„Кожувчанка ДОО како компанија несебично ги поддржува и промовира македонските репрезентативци, учесници на Европското првенство во одбојка 2021, преку својот бренд природната вода Изворска“.

– Како на нашите одбојкари, така сме горди и на нашата кампања Ова се нашите херои“, која ја препознаа и на европско ниво – велат од компанијата.






Ова е единствена кампања во која една компанија инвестира во промоција на друг, а не на себе.

– Решивме да ги испромовираме нашите одбојкари, нашите претставници на Европско!Мислиме дека заслужуваат многу поголемо внимание. Ова се нашите херои кои Кожувчанка како компанија ги поддржува со години. Натаму планираме повеќе инволвираност во нивните успеси и поголема поддршка на овој спорт – велат одговорните од компанијата.

Кампањата го носи насловот „Ова се нашите херои!“, целта беше јавноста да го запознае секој репрезентативец посебно, да дознае интересни работи за него, како и повик за заедничко бодрење на претстојното првенство во септември.

Поврзани содржини