227 ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ НА ХАИТИ Стотици се повредени и затрупани под урнатините ВИДЕО

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри прогласи вонредна состојба на еден месец и истакна дека ќе бидат мобилизирани сите ресурси за помош на настраданите.

494

Во силниот земјотрес што денеска го погоди Хаити, животот го загубиле 227 лица, јави агенцијата АФП, повикувајќи се на официјалните лица.

Истата бројка на загинати ја објави и агенцијата Ројтерс додавајќи дека уште стотици луѓе се повредени или затрупани под урнатините.






Земјотресот што го погоди Хаити беше со магнитуда 7.2 според Рихтер.

Премиерот на Хаити, Ариел Хенри прогласи вонредна состојба на еден месец и истакна дека ќе бидат мобилизирани сите ресурси за помош на настраданите.

 

Поврзани содржини