ИЗМОРЕНИТЕ АВСТРИЈЦИ СЕ ВРАТИЈА ДОМА, ПРИСТИГНАА НОВИ Македонците им благодарат за нивната пожртвуваност

„Ви благодариме многу“, „Респект и благодариме Австрија за вашата помош и поддршка“, „Да сте живи и здрави“, ова се само дел од стотиците коментари кои Македонци

1,293

Синоќа на аеродромот во Виена беше направена замена на пожарникарите од Австрија кои ги гаснеа пожарите во Малешевијата, па на досега активните 96, испратени се нови 114.

На Фејсбук страницата на Противпожарната служба на Долна Австрија беа споделени информации и фотографии од примопредавањето на должноста на пожарникарите. Брзата замена на преморените пожарникари кои влегоа во речиси деноноќна борба со пожарите во Малешевијата ја овозможиле првите луѓе на аеродромот во Виена и на австриската национална авиокомпанија „Аустриан ерлајнс“, кои ги пренеле пожарникарите од и до Скопје со авион „Ербас“.






– Во итни случаи брзата поддршка е многу важна. За доброволните противпожарни бригади на Долна Австрија, ова е една од најголемите прекугранични операции против катастрофи и ние сме среќни што го даваме својот придонес – изјави директорот на аеродромот во Виена Гинтер Офнер.

Првата група австриски пожарникари во Македонија пристигна во петокот, а според информациите од теренот, нивната помош била непроценлива во битката со пожарите, како и онаа на пожарникарите од Словенија. Тие се сместени на стадионот во Пехчево со целата опрема која ја донесоа со себе.

„Ви благодариме многу“, „Респект и благодариме Австрија за вашата помош и поддршка“, „Да сте живи и здрави“, ова се само дел од стотиците коментари кои Македонци, заедно со по некој гиф ги објавуваат на објавите на Фејсбук страницата од австриската доброволна противпожарна организација „Ное“.

Најмногу коментари, односно нешто над 400 има на објавата каде тие соопштуваат дека во земјава се очекува да пристигнат нови 114 волонтери, додека претходните 96 се враќаат дома.

Инаку во регионот на Долна Австрија, околу 1.700 пожарникари-доброволци ја обезбедуваат безбедноста на околу два милиони жители. Во регионот на Долна Австрија нема ниту еден професионален пожарникар, а целата служба функционира врз основа на доброволен и волонтерски ангажман.

Поврзани содржини