ВО ФРАНЦИЈА НЕМА ВО КАФУЛЕ НИ ВО АВТОБУС БЕЗ КОВИД ПОТВРДА Нови протести во Париз

„Макрон не ја сакаме твојата пропусница“, „Макрон не те сакаме повеќе“, „Не за диктатура“, извикувале демонстрантите во Париз.

795

Десетици илјади Французи четврти викенд по ред протестираат против задолжителните здравствени пропусници кои се потребни за во ресторан или за во воз, пренесуваат агенциите.

Протестите се одржуваат еден ден по новиот повик на претседателот Емануел Макрон до граѓаните да се вакцинираат.






Речиси 66 отсто од француските граѓани примиле барем една доза на вакцина против ковид-19.

„Макрон не ја сакаме твојата пропусница“, „Макрон не те сакаме повеќе“, „Не за диктатура“, извикувале демонстрантите во Париз.

Голем дел од демонстрантите сметаат дека со пропусниците се сака да се воведе задолжително вакцинирање. Тие се загрижени поради можноста работниците да добијат отказ ако немаат потврда.

Од понеделник потврдите за вакцинација, негативен ПЦР тест или потврда за прележан ковид-19 ќе бидат потребни за да може да се влезе во кафуле, ресторан, театар или на саем, како и да може да се патува со авион, воз и со автобус.

Поврзани содржини