Ако имате траума од пожарите, јавете се тука!
Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност.
Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.
„Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која ја загрозува благосостојбата и создава чувство на лична и колективна загрозена безбедност“, се вели во Фејсбук-статусот на организацијата од каде потсетуваат за можноста да се користат отворените телефонски линии на кои има соодветна прва психолошка поддршка од обучени волонтери.
Отворените телефонскии линии се поделени на региони а се однесуваат на сите општини и населени места кои припаѓаат на наведените региони: