Нова фигура на Марс ги заинтригира научниците

Научникот на НАСА, Абигел Ферман, глетката ја опиша како интересна камена структура. Тоа не е мазен камен, туку структура која наликува на корален гребен, со испакнатини што наликуваат како издигнати од површината на каменот.

870

Роверот на НАСА, „Љубопитност“, неодамна откри интересна формација на карпи на површината на Марс, а откриеното ги збуни научниците.

За време на неговата експедиција во кратерот Гале, каде што се наоѓа планинскиот врв на планината Шарпл, роверот направил неколку фотографии на кои се гледа необичен лак составен од камења.






Љубопитност“ проучува област која е богата со глина и се граничи со област која содржи минерали и сулфати, како што се гипс и горка сол. И двете области укажуваат на потенцијално присуство на вода од минатото, поради што се многу интересни за научниците.

Научникот на НАСА, Абигел Ферман, глетката ја опиша како интересна камена структура. Тоа не е мазен камен, туку структура која наликува на корален гребен, со испакнатини што наликуваат како издигнати од површината на каменот.

Геологот Мишел Минити посочи дека лакот најверојатно е формиран од материјали кои се спротивставуваат на ерозија.

Кај споменатиот лак, интересно е тоа што е навистина мал. Колку точно, тешко е да се определи, бидејќи „Љубопитност“ нема метро со кое може да се измери должината на лакот.

 

Поврзани содржини