Некој мора да оди курбан – огнот е добар слуга, но е лош господар

Замислете ваква ситуација во Јапонија. Таму се нудат оставки за пет минути доцнење на возовите. А за ваков јавашлук, јапонската традиција познава само едно – харикири!

2,971

Додека „илинденувавме” и се доподелувавме, со патриотската „Огин го гори Брезово-Македонијо (!)”, ни изгоре половина Македонија!?

Додека ја славевме Крушевската, за малку ќе ни отидеше – Асномската Македонија!






Зло за добро не доаѓа. Мораше ли баш на Илинден, да нè стигне огнената стихија!?

Додека ламентиравме над програмата, за тоа дали требало или не требало говор на шефот на државата? Дали во Ташмаруништа било Велигден, или Илинден!

Премиере, добро е што бевте заедно со Али Ахмети во Крушево, на Мечкин Камен. Сега под итно договорете се, дајте некого курбан да оди, за да не одите сите заедно.

Некој мора да виси, за да не висиме – сите заедно!

Министерката за одебрана, вчера ја немаше на Мечкин Камен. Не ѝ навлегуваме во приватната агенда, меѓутоа, првата од одбранбениот бедем доцна стигна на Косово! Дури денеска се огласи: НАТО-злато!!!

Помагај друже неутрални –  Вучиќу!!!

Армиските хелихоптери не можеле да летаат ноќе!? Ќе провериме: не многу одамна, во времето на „Олеснувачот на државниот бгуџет“ Бучковски, Израелците ги сервисираа хеликоптерите. Ќе провериме дали се истите овие и за што ги сервисираа!?

Додека во земјава на повеќе локации беснеат пожари, трите „ер трактори“ остануваат приземјени поради тоа што авионите уште од лани не се сервисирани.

Додека се договориме кој од првиот, или вториот ешалон ќе ја понесе одговорноста, колку да го стивнеме бесот и внатрешниот оган на граѓаните, премиере, не се либи да побараш одговорност под итно од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Забравив му името, (nomina odiosa sunt!).

– Жалам што „ер тракторите“ ги начекав несервисирани, поминале приземјени многу пожари и сезони на пожари. Денес очекуваме да се сретнеме со операторите, а до петок да постигнеме договор со некој од нив, за да се изврши сервисот. Сепак, за еден авион да биде во функција потребни се 40 до 45 дена, период кој се очекува да нема пожари во Македонија, по свадба тапани – коментира директорот на ДЗС, Беким Максути.

Пред еден месец се чекал тендерот со сервисерот на трите „ер трактори“, па потоа Бирото за јавни набавки да дозволи тој да биде најден со директно преговарање, но сега ќе чека да дојдат понудувачите.

Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување потенцира дека забавеноста се должи на тоа дека операторите ја зголемите цената за оваа услуга за речиси 40 проценти, па истата ќе изнесува околу еден милион евра за трите авиони.

И додека Максути очекува период во кој се очекува да нема пожари во Македонија за да ги сервисира авионите, народот не може повеќе да чека. Тој бара прва жртва – овде и веднаш!

Директорската смена во ДЗС е направена одамна. Дали затаил стариот директор веќе не е тема. Новиот имаше доволно време да заврши со тендерите и со операторите, со дозволите на Бирото за јавни набавки.

Досега имаше време да заврши и со самиот себе си!!!

Замислете ваква ситуација во Јапонија. Таму се нудат оставки за пет минути доцнење на возовите. А за ваков јавашлук, јапонската традиција познава само едно – харикири!

Затоа, премиере, за да не добиеме колективен харикири веќе во октомври, сега е моментот да пресретнете што можете да пресретнете.

Дали ќе биде тоа жртва од Дирекцијата, од ЦУК, или од друго место, останува на вас да процените.

Инаку, нема каде, нема бегање – одговорноста ќе падне на првиот мегу одговорните.

Се знае кој е тој!

Поврзани содржини