Невиден пресврт во случајот на Бритни Спирс: Мајката на пејачката изнесе скандалозни детали против нејзиниот сопруг

1,125

Лин Спирс, мајката на поп-принцезата Бритни Спирс, во понеделникот изнесе нови детали за старателството на својот поранешен сопруг Џејми Спирс над нивната ќерка.

Лин конечно се залага за Бритни и зборуваше против нејзиниот поранешен сопруг Џејми Спирс, кој управува со животот и имотот на својата ќерка веќе 13 години.






Лин беше прилично затворена во врска со овој случај, па затоа само за „ТМЗ“ изјави дека поп – sвездата била „добро“ среде тековната правна битка.

Сепак, таа беше многу поотворена во врска со конзервацијата и Џејми во острата изјава во судските списи поднесени во понеделникот.

„Пејџ сикс“ пишува дека Лин изјавила: „Џејми не е во состојба да ги стави интересите на својата ќерка пред своите, па затоа Бритни кон него чувствува страв и омраза“.

Таа додала дека се вклучила во конзерваторската работа како „засегната страна“ во мај 2019 година, а потоа забележала дека ништо не се прави во корист на пејачката и дека како една од неправците го навела тоа што Џејми ангажирал лекар кој на Бритни ѝ препишувал сосема несоодветни лекови кои таа не сакала да ги зема.

Бритни требало да оди и во установа за ментално здравје, а ако не останела на лекување, ѝ се заканувал со казна, тврди Лин. Додала дека не знае за каква казна станувало збор.

Мајката на пејачката, исто така, објаснува дека нејзиниот поранешен „се потпирал“ на домашниот персонал на Бритни, медицинските сестри и осигурувањето за да го информира за се што прави пејачката за да ги сврти работите во своја корист.

Поврзани содржини