Дали спортистите можат да станат милионери со златен медал од Токио?

Треба да се има на ум дека Меѓународниот олимписки комитет не плаќа премии за освоен медал.Треба да се има на ум дека Меѓународниот олимписки комитет не плаќа премии за освоен медал.

883

Пред само неколку дена, се појави информација дека филипинската кревачка на тегови Идилин Дијаз, како награда за освоениот прв златен медал за Филипини ќе добие 660.000 долари и две живеалишта, а наградата е од државата и еден од најбогатите луѓе во земјата.

Исто така, локалната авиокомпанија на Дијаз и обезбеди бесплатни летови до крајот на животот.






Треба да се има на ум дека Меѓународниот олимписки комитет не плаќа премии за освоен медал. Затоа секоја земја им ветува различни финансиски стимулации на своите спортисти. Но, кои се земјите што плаќаат најмногу за медал од Токио?

CNBC“ претстави 12 земји, користејќи ги податоците од „Money Under 30“.

Најмногу ќе добијат спортистите од Сингапур – 737.000 долари за златен медал, 369.000 долари за сребрен медал и 184.000 долари за бронзен медал. Треба да се има предвид дека износот подлежи на оданочување, што значи дека во реалноста би останале многу помалку пари.

Спортистите од четири земји ќе добијат над 200.000 долари за злато – Казахстан (250.000 долари), Малезија (236.000 долари), Италија (213.000 долари) и Филипини (200.000 долари).

Значајни суми нуди и Унгарија – 168.000 долари за злато и 126.000 и 96.000 долари за сребро и бронза, соодветно.

Златото на бразилските спортисти би им донело 49.000 американски долари, додека Јапонците ќе добијат 45.000 американски долари.

САД им нудат на своите врвни спортисти 37.500 долари за злато, додека Јужна Африка е подготвена да им обезбеди 37.000 долари.

Помали суми се достапни во Канада и Австралија – 16 и 15.000 долари.

Некои спортисти добиваат стипендии од нивните федерации за да можат подобро да се подготват. Меѓутоа, факт е дека некои спортисти едвај врзуваат крај со крај, додека други заработуваат милиони, главно од нивните спонзори.

Дали спортистите можат да станат милионери ако освојат златен медал во Токио? Краткиот одговор е „не“, но тука има многу услови, бидејќи некои од најдобрите спортисти можат да ги надополнат своите банкарски сметки од спонзори и богати бизнисмени, нудејќи им разни стимулации.

Поврзани содржини