Неверојатна трансформација: Девојка ослабела 220 килограми, нејзиниот изглед шокираше, сега е друга личност (ФОТО)
Британката Ембер Ружди имала 24 години, кога поради несигурноста и секојдневното разочарување во животот, дошла до тежината од неверојатни 300 килограми.
Ембер не можела да стане без помош од софата, а најголем проблем ѝ било да се тушира и да излегува надвор. Затоа, младата девојка престанала да излегува, па нејзината сестра ѝ купувала храна и пијалаци. И тоа, многу храна и пијалаци.
А, тогаш дошло до пресвртница. Секако дека тоа не се случило преку ноќ, туку по недели и недели состаноци со терапевтот, како и разговори со роднините.
Ембер се пријавила за ТВ-емисијата „Мојот дебел живот“ каде што одлучила пред камерите да направи трансформација на животот. Прво прифатила хируршки да го намали желудникот, а потоа почнала да шета и да вежба. На почетокот, 15 минути, потоа 30, а потоа и по 60 минути.
Правилната исхрана, вежбалницата и терапевтот направиле чуда. Шест месеци по операцијата, Ембер била полесна за повеќе од 40 килограми, а потоа од месец за месец губела сѐ повеќе килограми.
View this post on Instagram
Една година по операцијата на желудникот, благодарение на нејзината челична волја, Ембер тежела 130 килограми. Деновиве, на вагата ја гледа бројката од само 80 килограми, што е феноменален успех за личност која размислувала за самоубиство во текот на 2018 и 2019 година.
View this post on Instagram
– Не гледав излез. Почна спонтано, со некои разочарувања кај луѓето. Тогаш прерасна во опсесија со храна. Кога дојдов до 300 килограми, бев во пресвртна точка. Или ќе се убијам, или ќе ослабам. Немаше трета опција. Тогаш решив да го изберам животот. Само, променет живот. Денес сум многу среќна личност. Иако сè уште не сум ги достигнала предвидените 60 килограми, мислам дека сум близу. Повторно излегувам, се дружам, одам на колеџ и имам партнер. Сакам само едно од животот – никогаш да не се вратам на стариот начин – рекла Ембер.
ФОТО: Инстаграм/TLC