Во Франција трет ден по ред регистрирани над 10.000 новозаболени од ковид-19
Зголемувањето на бројот на инфицирани луѓе пред се е поради делта сојот. Во Франција од почетокот на пандемијата се заразиле над 5,87 милиони луѓе.
Француските здравствени власти соопштија дека вчера се потврдени 12.532 новозаболени лица со ковид-19. Тоа е трет ден по ред како бројот на новозаразени лица е над 10.000.
Вчера регистрирани се и пет смртни случаи, со што вкупниот број на починати од последици од ковид-19 се искачи на 111.472.
Можеби ќе ве интересира
Зголемувањето на бројот на инфицирани луѓе пред се е поради делта сојот. Во Франција од почетокот на пандемијата се заразиле над 5,87 милиони луѓе.
На одделенијата за интензивна нега во Франција хоспитализирани се 891 пациент.