Тешко повреден велешанец откако во неговото возило удрил воз
Возот сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и се судрил со автомобил „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес.
На пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари вчера околу 16:30 часот се случила железничка незгода помеѓу товарен воз и автомобил.
Возот сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и се судрил со автомобил „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес.
– Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Велес – информира МВР.