Поведена постапка за стечај во „Баргала“

На компанијата ѝ е изречена забрана да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и забрана за одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против неа.

372

Основниот суд во Штип донел решение за поведување претходна постапка за утврдување на причините за отворањeто на стечајната постапка за Баргала АД Штип, а на акционерското друштво му е изречена забрана да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и забрана за одредување или спроведување на присилно извршување или обезбедување против ова друштво.

-На предлог на работниците застапувани од Сојузот на синдикатите поради неисплатени повеќе од три плати и тоа што сметките на должникот Баргала АД Штип се блокирани повеќе од 45 дена, Основниот суд во Штип, преку стечајниот судија Емил Пилатов во законскиот рок донесе Решение за поведување на претходна постапка за утврдување на причините за отварање на стечајна постапка над имотот на должникот Баргала АД Штип и именуваше привремен стечаен управник. На должникот Баргала АД Штип му е определена општа забрана за располагање со која му е забрането да располага со имотот без одобрение на стечајниот управник, како и се забранува одредувањето или спроведувањето на присилно извршување или обезбедување против должникот –  информира ССМ.






Од Синдикатотвелат дека на привремениот стечаен управник му е укажуано дека првенствено треба да води сметка за работниците си нивната егзистенција.

 

-На работниците им укажуваме дека кога се храбри и одлучни, се многу посилни и од најлошиот работодавач, а ССМ е секогаш тука да ги застапува само нивните интереси и барања – изјавија од ССМ.
Според ССМ, охрабрува фактот што државата води сметка да ги заштити работниците, што институциите функционираат без притисок и што пред законите сите се еднакви.
Поврзани содржини