Гама-короната дојде и на Балканот, еве што треба да знаете
Не мислам дека треба да очекуваме драстични последици. Освен што е повирулентен, не верувам дека ќе донесе нови компликации. Вирусот ослабува со текот на времето, имаме многу луѓе кои се здобија со природен имунитет и оние кои се заштитени со вакцината, сега не се заштитени, треба да се вакцинираат - вели д-р Глигиќ.
Новата гама варијанта на корона која може да го заобиколи имунитетот и постојните вакцини дојде и на Балканот, пишува Мондо. Овој бразилски сој кој се јави кај поединечни случаи во БиХ, во март во Словенија и во февруари во Хрватска, предизвикува слични симптоми како и кај останатите, а добрата вест е дека како и кај секоја мутација, штетата од вирусот ќе биде помала кај тие кои веќе го прележале или се вакцинирале, вели д-р Глигиќ, имунолог од Србија.
– Не мислам дека треба да очекуваме драстични последици. Освен што е повирулентен, не верувам дека ќе донесе нови компликации. Вирусот ослабува со текот на времето, имаме многу луѓе кои се здобија со природен имунитет и оние кои се заштитени со вакцината, сега не се заштитени, треба да се вакцинираат – вели д-р Глигиќ.
Познати симптоми, многу пренослив и „закана за човештвото“
Треска, кашлица, болки во мускулите, губење на чувството за мирис и за вкус…Познати симптоми, но непозната варијанта на коронавирусот која морала да биде потврдена во повеќе лаборатории низ светот. За првпат била потврдена во Јапонија, од луѓе кои допатувале од местото Манаус во Бразил. Манаус е град на Амазон кој е познат бидејќи имаше интензивен прв бран на корона.
П1 е многу пренослив и затоа е „закана за човештвото“, смета д-р Есем Орелана, епидемиолог од бразилската научна институција „Фиокурз“. Секако, постои и П2, широко распространета во Бразил, но таа има помалку загрижувачки мутации.
Сегашните вакцини ќе нѐ заштитат од гама сојот
Постојните вакцини можат да нѐ заштитат од бразилскиот сој на корона, покажала студија од Универзетот Оксфорд. Истражувачите користеле примероци на крв од луѓе со антитела генерирани и од корона инфекција и од вакцините АстраЗенека и Фајзер, кои се користат во Британија.
– Бразилскиот сој може да биде помалку отпорен на овие антитела, отколку што се стравуваше – порачуваат од Оксфорд.
Сепак, нема ништо подобро од имунитетот стекнат по прележување на короната, смета д-р Глигиќ, иако посочува дека тоа не значи дека не треба да продолжиме да го вакцинираме населението.
Набрзо, гама-сојот ја освои Европа, а регистриран е и во САД.
Кога се случи инфекцијата во Босна, „гамата“ ја потврдил Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево. Ќе биде ли доминантна гамата, како што сега е делта-сојот во светот?