Вонредна сосотојба во Токио, еве што ќе се случува со Олимписките игри

Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Игрите денес ќе донесат нова одлука во врска со присуството на локалните навивачи на спортски објекти. Многу е веројатно, натпреварите во главниот град на Јапонија и околните префектури да се одржат без гледачи.

394

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга воведе вонредна состојба во Токио, која ќе трае до 22 август.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.






Властите на земјата одлучија да воведат вонредна состојба поради нагло зголемување на случаите на инфекција со коронавирус во регионот. Вчера, Токио забележа најголем број нови случаи со ковид-19 од средината на мај (920).

Денес, Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Игрите ќе донесат нова одлука во врска со присуството на локалните навивачи на спортски објекти. Многу е веројатно, натпреварите во главниот град на Јапонија и околните префектури да се одржат без гледачи.

Поврзани содржини