Од спорната изјава на португалската министерка за европски прашања Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик, порталот СДК објави аудио снимка.
На аудио снимката се слуша како Закаријаш вели дека „северномакедонскиот јазик“ некогаш бил дел од бугарскиот јазик.
Португалската амбасадорка во земјава вечерва се обиде да демантира велејќи дека „никогаш не би го загрозила процесот на изнаоѓање решение во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, напротив, постојано се обидуваме да го олесниме“.