Дали знаевте дека Кејт Мос има тетоважа вредна милион евра? Ја насликал познатиот покоен уметник.
Британскиот супермодел Кејт Мос има тетоважа на дното на грбот, за која тврди дека со текот на времето добила на вредност и дека сега вреди најмалку милион евра.
Имено, цртежот на грбот на супермоделот е дело на покојниот уметник Лусиен Фројд. Тој своевремено истетовирал две мали птици на Кејт Мос, а бидејќи е во прашање славниот уметник, и тоа многу почитуван во светот, манекенката верува дека нејзината тетоважа со текот на времето добила вредност.
– Тоа е оригиналниот Фројд. Се прашувам колку некој колекционер би платил за оваа работа? Сигурно неколку милиони – изјавила гордата сопственичка на скапата тетоважа.
ФОТО: Пинтерест
Кејт Мос и Лусиен Фројд се зближиле во текот на 2002 година кога била бремена со ќерката Лила Грејс, а уметникот тогаш го насликал нејзиниот портрет. Сликата подоцна беше продадена на анонимен купувач за околу 4,5 милиони долари, а Кејт со право верува дека нејзината тетоважа е вредно уметничко дело.
Инаку, Кејт Мос неодамна најде друг начин да ги покаже своите таленти, таа сака да стане тату мајстор. Нејзиниот пријател, професионален уметник за тетовирање Даниел Касоне, откри дека славната манекенка учи како да тетовира.
Манекенката земала часови за да го прави тоа професионално.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм