За 1 недела 3, a за 1 месец и до 8 килограми помалку со помош на тиквички

Ако издржите еден месец, со оваа диета со тиквички ќе загубите 6 до 8 килограми во зависност од првобитната тежина. Односно, колку повеќе килограми имате, толку повеќе килограми ќе загубите, но најважно е тоа што оваа диета ќе ви помогне да ги исфрлите од телото сите штетни материи.

712

Сега е сезона на тиквичките, за многумина, омилена летна намирница и најдобра сезона за да почнете со оваа диета, особено ако сакате набрзина да намалите некој килограм пред летниот одмор.

Тиквиците се исклучително корисни за многу болести, но заради големото количество на растителни влакна се намалува реапсорцијата на масти, па се погодни и за исхрана при зголемен холестерол и триглицериди, а калиумот и магнезиумот што го содржат делуваат позитивно при намалувањето на крвниот притисок.






Ако издржите еден месец, со оваа диета со тиквички можете да загубите 6-8 килограми, во зависност од првобитната тежина со која ќе започнете да ја држите диетата. Односно, колку повеќе килограми имате толку повеќе килограми ќе загубите. За една недела можете да намалите од 2-3 килограми. Покрај намалувањето на килограмите, оваа диета ќе ви помогне и да ги исфрлите сите штетни материи од вашето тело.

Покрај тиквиците во исхраната вклучете ги и морковот и зелката од кои можете да си направите салата зачинета со маслиново масло и половина лимон.

Во менито е вклучено и овошјето. За време на ручекот, вечерата и ужинките дополнете го својот оброк со било кое овошје сезонско овошје.

Месото можете да го замените со риба, но тоа треба да биде речна, бидејќи морската не е соодветна за оваа диета.

За пиење, како најдобра опција останува обична вода во големи количини, но и зелен чај без шеќер, и домашни цедени сокови без никакви додатоци.

За време на оваа диета исклучете ги сите пекарски производи, лебот, слатките, кафето и алкохолот.

Менито можете да си го составувате сами секој ден, но внимавајте да ги менувате намирниците што почесто (овен тиквиците), со цел да внесете што повеќе хранливи материи, односно јадете, различно овошје, различен зеленчук, различен вид на месо и строго почитувајте ја количината.

Пример на мени

Појадок:

Тиквичка на пареа (250 грама) со зеленчук (150 грама), шолја зелен чај

Ужина:

1 јаболко, чаша сок од портокал или вода

Ручек:

Печена тиквичка (300 грама), парче варено месо (200 грама), неколку сливи и шолја зелен чај

Ужинка

Печена тиквичка (250 грама), салата од зелка и морков (250 грама), чаша природен сок

Вечера:

Грицкајте суво овошје, земете чаша природен сок или спојте ја ужинката со вечерата.

Фото: Pexels

Поврзани содржини