Тетовка го убила невенчаниот сопруг и сама се пријавила во полиција
Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет.
Тетовка сама се пријавила во полиција откако денеска во 11 часот го убила невенчаниот сопруг со тврд предмет.
– А.С. (39) пријавила дека околу 11 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И.. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет – велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С.