Се предлага поголемо учество на етанол во бензините

Германскиот автомото сојуз очекува ЕУ да ја смени директивата и да дозволи процентот на етанол во бензинот за се згоолеми на 20 отсто.

246

Германскиот автомото сојуз ( АДАК ) предлага двојно зголемување на процентот на етанол кој се меша со бензин од 10 на 20 отсто со цел да се постигне поголеми заштеди на емисија на јаглерод диоксид и побрза декарбонизација на транспортниот сектор.

Моментално на бензинските станици во Германија се точи Е10 – бензин што содржи до 10 отсто етанол.






– Повеќето бензински автомобили во возниот парк денеска може да користат Е10. Многу нови возила дури може да користат Е20 или повисок процент на мешавина на етанол, ако производителите го дозволуваат тоа. Овој потенцијал за намалување на потрошувачката на фосилни горива од постојните и нови возила не треба да се игнорира – вели шефот за технологија на АДАК Карстен Шулце, во интервју за Еуроактив.

Директивата за квалитет на горивата на Европската Унија не дозволува мешање етанол  во бензините над 10 отсто, но  се очекува тоа да биде ревидирано во иднина. Можностите за стимулирање на употребата на обновливи и горива со ниска емисија, според Еуроактив, Европската Комисија би требало да ги разгледа во јуни 2021 година.

 

Поврзани содржини