Меркел го претстави првиот квантен компјутер во Европа

Иако квантната технологија е сè уште во експериментална фаза, еден ден таа ќе овозможи за рекордно време да се решат прашања кои се премногу сложени за сегашните компјутери.

389

Германската канцеларка Ангела Меркел го претстави „Q System One“, првиот квантен компјутер инсталиран во Германија, пренесува Бука. Квантниот компјутер е на корпорацијата IBM од Америка и е инсталиран во близина на Штутгарт во соработка со германски експерти.

Q System One е прв квантен компјутер на IBM надвор од САД. Тој веќе работи од април месец.






– Германија е меѓу најдобрите во истражувањето на квантната технологија и има намера да остане така – рече Меркел, која има напишано и теза за квантна хемија додека била студентка.

Квантните компјутери се експоненцијално побрзи од класичните. Наместо „битовите“ што се користат за класичните компјутери, квантниот свет користи „кју-битови“ кои можат да направат неколку работи паралелно и многу побрзо.Иако квантната технологија е сè уште во експериментална фаза, еден ден таа ќе овозможи за рекордно време да се решат прашања кои се премногу сложени за сегашните компјутери.

Во ЕУ, Франција и Германија се натпреваруваат кој ќе биде „квантен лидер“. Во јануари годинава француските власти најавија инвестиции од 1,8 милијарди евра во следните пет години, додека Германија ќе издвои две милијарди за изградба на квантен компјутер до 2025 година.

Поврзани содржини